SuperFresh

Page: 5

По најавата на Ed Sheeran дека заминува во пензија траките од неговиот последен студиски албум почнуваат уште подобро да котираат на светските топ листи. Една од нив е и соработката со американскиот рапер Travis Scott. Оваа трака е објавена на 12 јули како седми сингл од албумот и денес на Супер радио како SUPERPLAY ја […]

5 септември 2019

„Going Crazy“ е новиот сингл на италијанскиот артист и продуцент J7J на кој соработува со германскиот рапер и продуцент Tony T. Приказната на Tony T започнува во САД, каде пораснал и од каде ја црпи инспирацијата. Во 2008-мата неговата соработка за „Shine On“ со проектот R.I.O. го „однесе“ на високите позиции на светските dance листи. […]

William Sami Étienne Grigahcine е полното име и презиме на популариниот DJ Snake, диџеј и продуцент кој живее и работи во Париз. Зад себе има два студиски албуми. Првиот („Encore“) го издаде 2016-тата, а вториот насловен како „Carte Blanche“ е достапен на музичкиот пазар од јуни оваа година. Токму од овој албум денес на Супер […]

Adele Emily Sandé, или едноставно само Emeli Sandé, е британска пејачка која станува популарна во 2009-тата и тоа благодарение на соработката со Chipmunk за траката насловена како „Diamond Rings“. Привиот соло сингл го издава во 2011-тата („Heaven“), а веќе следната година го издава и првиот албум („Our Version of Events“). Денес на Супер радио како […]

29 август 2019

Канаѓанката Alessia Cara зад себе има два студиски албуми. Првиот го издава 2015-тата („Know-It-All “), а вториот три години подоцна („The Pains of Growing“). На 6-ти спетмври ќе ја издаде нејзината втора екстендет плејка, која ја најави уште во втората половина на јули и тоа преку синглот „Ready“. Денес на Супер радио како SUPERPLAY ја […]

Gandhi Djuna е целото име и презиме на конгончанецот кој на музичката сцена е познат под името Maître Gims или едноставно само GIMS. Деби албумот го издава 2013-тата и успева да го продаде во преку милион примероци со што се позиционира на втората позиција на најпродавани албуми во Франција, каде долго време живее и работи. […]

26 август 2019

Mabel Alabama-Pearl McVey, или едноставно само Mabel, е британска музичка ѕвезда која станува популарна благодарение на синглот „Finders Keepers“ со која се искачи на 8-мата позиција на официјалната листа на најпродавани синглови во Велика Британија. деби албумот го издаде на 2-ри август оваа година, а е насловен како „High Expectations“. Денес на Супер радио како […]

23 август 2019

Американскиот рапер Pitbull зад себе има 10 студиски албуми, 4 компилации, еден ремикс албум, еден саундтрак, 4 микстејпа, 80 синглови, 12 промо синглови и дури 35 видео спотови. На почетокот на годинава како најава за неговиот нов студиски албум ја издаде соработката со Natti Natasha и Daddy Yankee („No Lo Trates“), а деновиве станува повторно […]

Tristan Casara е француски deep house и electro продуцент, кој на музичката сцена е познат под името The Avener. Најголемиот успех го има постигнато во 2014-тата и тоа благодарение на синглот „Fade Out Lines“. Зад себе има само еден студиски албум издаден 2015-тата („The Wanderings of The Avener“), а веќе е во најава неговиот втор […]

21 август 2019

„Phoenix“ е насловот на вториот студиски албум на британската хитмејкерка Rita Ora кој го издаде ноември минатата година. Деновиве повторно станува актуелна и тоа благодарение на трака од овој студиски албум насловена како „New Look“. За неа е снимен и видео спот во Дубаи, место каде таа е чест посетител. Денес на Супер радио како […]


Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist