Paloma Faith – ‘Til I’m Done

Written by on March 5, 2018

Мултиплатинестата Paloma Faith во моментов е актуелна со нејзиниот последен (четврти) студиски албум „The Architect“. Издаден на 17-ти ноември, беше најавен преку синглот „Cry Baby“, по што следуваше „Guilty“. Сега станува повторно актуелна со третиот по ред сингл, со наслов „Till I`m Done“. Диско фанк призвукот на оваа трака потврдува дека тригодишната пауза што ја направи влијаеше многу позитивно, особено што албумот кој го објави има голема веројатност дека за бргу ќе стане платинест. Токму од овој албум како денешен SUPER PLAY на Супер радио ви ја носиме „Paloma Faith – Till I`m Done“.

Се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.


Super Radio Ohrid

Current track
TITLE
ARTIST

Background