Super Play

Claptone – In The Night

Германскиот ДиЏеј и продуцент Claptone, кој почесто го среќаваме во Super radio Clubbing со неговите одлични траки. Од 2012 година кога “Cream“ стана една од најуспешните на Exploited, ги освои срцата на бројната публика ширум светот, но секако и на познатите имиња на клубската сцена. Припаѓа на новата генерација уметници од Exploited roaster кој заедно со Adana Twins и Doctor Dru го имаат буквално светот на дланка. Тој веќе работи на неговиот албумот “Fantast“ кој треба да излезе оваа година. Премиерно е прикажан спотот на темата “In The Night” на Billboard Dance со вокалистот Ben Duffy кој одлично се вклопува во стилот на Claptone. Токму оваа тема ви ја прикажуваме како SUPER PLAY на Супер радио: Claptone – In The Night.

Се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.