Super Play

Tracey Thorn – Queen

Постарите генерации сигурно се сеќаваат на британското музичко дуо формирано во 1982-рата – Everything But The Girl, составено од брачниот пар Tracey Thorn и Ben Watt. Дуото официјално престанува да постои со почетокот на новиот милениум, од кога Tracey работи на нејзината соло кариера (иако таа има издaдено и соло албум и за време на постоењето на бендот). На 2-ри март го објавува нејзиниот петти студиски албум и токму од него како денешен SUPER PLAY на Супер радио ви ја носиме темата: Tracey Thorn – „Queen“.

Се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.