Super Play

Tracey Thorn – Sister

Една половина од познатото британско дуо Everything But the Girl се чини на голема врата се враќа на музичката сцена. Поп кралицата од 80-тите Tracey Thorn на 2-ри март го издава нејзиниот петти студиски албум во кариерата – „Queen“, за кој ќе рече дека пред се е „албум кој се слуша во текот на денот“. На него има трака на која соработува со Corinne Bailey Rae и токму неа ви ја носиме како SUPERPLAY на Супер радио: Tracey Thorn fеаt. Corinne Bailey Rae – „Sister“

SuperPlay се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.