Хит на неделата

Merk & Kremont – Hands Up (feat. DNCE)

Federico Mercuri и Giordano Cremona се италијански продуценти кои во светот на музикaта се познати едноставно како дуото Merk & Kremont. Функционираат од 2011-тата година, а во последниве години се едни од најуспешните продуценти на EDM сцената. Штотуку настапија на Ultra Festival во Мајами, а на радио станиците ширум светот се популарни со соработката со DNCE и темата со наслов „Hands Up“. Токму оваа трака оваа недела ќе ја вртиме како хит на неделата на Супер радио: Merk & Kremont feat. DNCE – „Hands Up“.