Хит на неделата

Claptone – „Under The Moon“ feat. Nathan Nicholson

“Under the moon“ е најновиот сингл од четвртиот албум во најава на Claptone. Вообичаено за неговиот стил и оваа трака изобилува со прекрасни пијано линии спакувани во еден одличен deep house „грув“. Светлината на денот ја гледа благодарение на соработката со Nathan Nicholson кој ги „позајмува“ вокалите за оваа тема. Ова е нивна втора соработка, после онаа од 2015-тата за хитот „Heartbeat“. Како хит на неделата на Супер радио оваа недела ја вртиме токму новата тема на познатиот германски диџеј: Claptone feat. Nathan Nikolson – „Under The Moon“