Вести

Стартуваа дигиталните интернет канали на Супер радио: „Што ќе слушаме денес?“

Охрид, 2. мај 2018 (Super Radio) – Охридското Супер радио, продолжува со следењето на техничките новитети и модерното време, како потврда на статусот „најдобра локална радио станица“, веќе години наназад.

Најновиот проект е дигиталната платформа која официјално започнува со работа денес, а која покрај стандардната програма на Супер радио, која 24 часа се емитува во живо, нуди уште пет специјализирани канали со посебни видови музика.

– Ова е проект на кој работеме подолг период наназад и е спој на целокупното досегашно искуство на полето на дигиталната технологија, но и најдобриот избор музика кој го негуваме константно на Супер радио. Станува збор за платформа која првенствено е наменета за кафе баровите, рестораните и слични објекти, но може секој да ја слуша и да ужива во музичкиот избор. Напоменуваме дека не се работи само за „random“ емитување на музика, туку сериозен музички избор, односно вистинска мини-радио станица, која емитува 24 часа одбрана музика, но овој пат без реклами и останатите радио елементи. Обработката на програмата, програмирањето и сите останати технички елементи се со истиот квалитет со кој се врши обработката на програмата и на Супер радио, велат одговорните.

Во моментов слушателите, покрај тековната програма на Супер радио се емитуваат и канали посветени 100% на ретро хитовите, канал посветен на денс музиката, на актуалните хитови од сите светски топ листи, Мак хитови и посебен канал за Хип Хоп музика.

stokeslusamedenes2Дополнително, на платформата веќе има и близу 100 готови миксови, изработени од најдобрите Дџ-и на Супер радио, кои можат да се слушаат во секое време и од секоја точка на планетата, а се одлични за приватни забави, слушање во кафе барови и сл.

– Let`s get digital, порачуваат од Супер радио и прашуваат: Што ќе слушаме денес? До платформата може да пристапите на посебен дел на офивијалната веб страна на Супер радио. Кликајте ОВДЕ веднаш!

Од Супер радио најавуваат дека во фаза на тестирање е и апликацијата, која наскоро ќе биде достапна на Play Store. (Крај)

извор: Super radio фото: архива