Вести

Супер радио наскоро ќе ја спроведе акцијата „Мој Охрид, чист Охрид“

Охрид 4. мај 2018 (Super Radio) – Во пресрет на главната туристичка сезона, во текот на месец мај и почетокот на јуни, со бројни акции, ќе се чисти Охрид, но и пошироката околина и околните планини.

Супер радио ќе ја спроведе акцијата „Мој Охрид, чист Охрид“ на која на почетокот на месец јуни. Носечка сила на оваа акција ќе бидат учениците од сите охридски основни и средни училишта, кои ќе спроведат акција за комплетно чистење на централниот дел на градот, со акцент на плажите, кои се најпосетени во текот на летните месеци. Во акцијата ќе учествуваат и граѓаните на Охрид, бројни претпријатија, спортски и еко организации и претставници од дипломатскиот кор во земјата.

Наскоро ќе се соопштат повеќе детали за акцијата.

извор: Super radio фото: архива