Super Play

Paul Simon – Graceland (MK Rmx)

Paul Simon публиката најдобро го знае по бендот Simon & Garfunkel, формиран во 1964-тата година. Постарите генерации, но и добрите познавачи на музиката, сигурно се сетат на траки како „The Sound Of Silence“, „Mrs. Robinson“ и „Bridge over Troubled Water“ со кои беше позициониран на првата позиција на американската топ листа. 1986-тата година го издава неговиот седми студиски соло албум, и токму од него позајмуваме трака, но во ремикс варијанта која денес ќе ја вртиме како SUPERPLAY на Супер радио: Paul Simon – Graceland (MK Rmx).

SuperPlay се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.