Super Play

Lisa Stansfield – „Never Ever“

Таа е една од попознатите британски пејачи од 90-тите години. 1984-тата година ја формира групата Blue Zone со кој издава неколку албуми, но се чини нејзиниот најголем успех е „People Hold On“ од 1989-тата година. Истата таа година го издава и првиот соло албум „Affection“ и со траката „All Around the World“ го прави најголемиот пробив во нејзината кариера. Lisa Stansfield, на свои 52 години, годинава го издава осмиот студиски (соло) албум во нејзината кариера насловен како „Deeper“. Токму од него како денешен SUPERPLAY на Супер радио ја носиме: Lisa Stansfield – „Never Ever“

SuperPlay се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.