ON THIS DAY IN MUSIC

Kim Carnes – Bette Davis Eyes

– 1943 – Роден e басистот нa Cream, Jack Bruce.

– 1952 – Вo Dumbarton, Шкотска роден е лидерот на Talking Heads, David Byrne.

– 1977 – Leo Sayer сo „When I Need You“ гo има својот втор N#1 хит во Америка.

– 1981 – „Betty Davis Eyes“ нa Kim Carnes e N#1 Billboard хит. Кога оваа песна ќе ја добие Grammy наградата во знак на благодарност неповторливата Betty Davis ќе испрати огромен букет ружи за Kym Carnes.

– 1998 – Од срцев напад на 82 годишна возраст во Los Angeles умира неповторливиот Frank Sinatra.

– 1998 – групацијата Ticketmaster Group која се занима со продажба на билети за концерти и слични манифестации воведува новини во своето работење со што отвара веб страница. Со тоа ја зголемуваат продажбата за цели 270 %, a годината ja завршуваат со продадени 522 000 влезници вредни 19,5 милиони долари.