Super Play

Liam Payne feat. J Balvin – „Familiar“

Liam Payne, кој инаку е член на бој бендот One Direction, својата соло кариера официјално ја започнува со „Strip That Down“ (соработка со Quavo) и „Bedroom Floor“, а имаше и соработка со Rita Ora за саундртакот на филмот „Fifty Shades Freed“ со наслов „For You“. Сега, англичанецот ги здружува силите со колумбиската регетон ѕвезда J Balvin за третиот сингл од неговиот деби албумот во најава и токму оваа трака денес ја вртиме како SUPERPLAY на Супер радио: Liam Payne feat. J Balvin – „Familiar“.

SuperPlay се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.