Вести

Анкета на АВМУ за првиот квартал на 2018: Супер радио со раст од близу 2% останува убедливо на врвот

Охрид, 16. јули 2018 (Super Radio) – Со просечен дневен досег од 8,82% и неделен од 14,71%, односно со зголемување од близу 2% во однос на првиот, Супер радио и во вториот квартал од 2018 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во вториот квартал од 2018 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

tabeladnevendosegСупер радио минатата година наполна 25 години и останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

tabelanedelendoseg

Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: Super Radio фото: Super Radio