Super PlaySuper Play

Alle Farben feat. Kelvin Jones & Younotus – „Only Thing We Know“

Frans Zimmer, на музичката сцена е познат како Alle Farben, е германски диџеј и продуцент. Зад себе има два студиски албуми, првиот од 2014-тата насловен како „Synesthesia – I Think in Colours“, а вториот од 2016-тата „Music Is My Best Friend“. На почетокот на оваа година ја издаде темата “H.O.L.Y.” на која соработува со британецот Rhodes, а сега на радио станиците почнува да се врти неговото ново музичко парче – соработка со Kelvin Jones и Younotus. Таа е и траката која денес на Супер радио ја вртиме како SUPERPLAY: Alle Farben feat. Kelvin Jones & Younotus – „Only Thing We Know“

SuperPlay се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.