IMG_4344

Њујоршкиот дј Џејсон Фалцоне ја отвори пролетната сезона на журки со дј-ски сет во Супер радио

Охрид, 1. април 2015 (Супер радио) – Американскиот дј Џејсон Фалцоне, денес во охридското Супер радио, имаше едночасовен дј-ски сет.

Слушателите можеа да го слушаат во живо неговиот сет на фрекфенцијата на 97 ФМ, или во живо преку интернет мрежата www.sauperradio.com.mk. Неговиот сет беше во рамките на последниот час од петочното издание на Супер радио емисијата „Евтини приказни“ со водителката Александра Алексијевска, а со техничка поддршка на ДЈ Јане и ДЈ Реџи Рулс.

falconeradio3

– Направив мала пауза во музиката. Минатата година летото одржав забава на плажата Оревче во Охрид. Денес сум во Супер радио, каде атмосферата за работа и пуштање музика во живо, многу ми се допаѓа, изјави Фалцоне.

Фалцоне е добро познат на охридската публика. Неговиот прв настап во Охрид беше во 2012 година, а оттогаш повеќе пати гостувал и тоа во различни сезони, за време на летни фестивали на електронска музика. Во изминатите години тој имал чести настапи на Зимската музичка конференција во Мајами, Флорида.

falconeradio2

Утревечер Фалцоне ќе има дј-ски сет во кафе барот Ликвид. Неговиот музички стил вклучува поджанрови на house музиката, како deep house, tech-house, progressive house, underground house. (Крај)