Анкета на АВМУ: Супер радио останува на лидерската позиција

Охрид, 19. јули 2016 (Супер радио) – Со просечен дневен досег од 7,46% и неделен од 13,43% кај слушателите, Супер радио и во првиот квартал на 2016-та година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станци во вкупната гледаност во првиот квартал на 2016 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

На прагот на 24-та година од постоењето, Супер радио останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма.

– Следува супер атрактивен период од годината, односно долго очекуваното лето. Како и секогаш, Супер радио Ви подготвува многу изненадувања и освежувања на програмата. При крај е новото софтверско решение за емитување на програмата, кое е надградба на старото и нуди огромни можности, кои ние секако максимално ќе ги искористиме. Очекувајте уште едно СУПЕР лето со СУПЕР програма на СУПЕР Радио. Ви благодариме за довербата, продолжуваме заедно понатаму. Охрид е СУПЕР, вели уредникот Јане Стефанов.

avmuanketa2Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ). Во склоп на групацијата работат и информативните портали OhridPress и Inpress. (Крај)