dosegjuli20161-640x323

Анкета на АВМУ: Супер радио останува на врвот!!!

Охрид, 16. јули 2016 (Супер радио) – Со просечен дневен досег од 5,97% и неделен од 8,96% кај слушателите, Супер радио и во вториот квартал на 2016-та година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станци во вкупната гледаност во вториот квартал на 2016 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

dosegjuli20162На прагот на 24-та година од постоењето, Супер радио останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма.

– Веќе сме длабоко навлезени во најатрактивниот период од годината – долго очекуваното лето. Како и секогаш, Супер радио внесе свежина во програмата која е посебно прилагодена за летниот период. Уживаме во уште едно СУПЕР лето со СУПЕР програма на СУПЕР Радио. Ви благодариме за довербата, продолжуваме заедно понатаму. Охрид е СУПЕР, вели уредникот Јане Стефанов.

Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ). Во склоп на групацијата работат и информативните портали OhridPress и Inpress. (Крај)

извор: Супер радио фото: архива