marsfestival-640x360

Многу музички изненадувања на фестивалот МАРС, Супер радио и годинава дел од настанот

Охрид/Скопје, 10. ноември 2016 (СУПЕР РАДИО) – Охридското Супер радио од самите почетоци на Македонскиот радиски фестивал – МАРС е дел од оваа манифестацијата.

И годинава Супер радио даде свој придонес во креирањето на финалната листа на најслушаните радиски мак хитови.

Годинешното издание МАРС 2016 ќе се одржи на 21 ноември во МОБ – Скопје. Ќе бидат избрани најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани од 40-на радиостаници ширум Македонија кои и покрај сите потешкотии и забрани за емитување македонска музика од страна на ЗАМП, до организаторот ги испратија своите листи со највртени македонски хитови во тековната година (листи со песни емитувани до забраната).

Меѓу годинашнире учесници на МАРС 2016 се: Елена Миленковска, Тара, Лозано, Влатко Илиевски, Наташа Малинкова, Пепа Димитрова, Магдалена Цветковска-Ена, ДНК, Елена Ристеска…

Во ревијалниот дел на МАРС 2016 ќе се појават две еминентни музички имиња од регионот – српските поп ѕвезди Наташа Беквалац и Гоца Тржан, кои со своето присуство и изведбата на своите хитови ќе ја увеличаат програмата и го подигнат нивото и рејтингот на фестивалот.

– И годинава претходно селектираните хитови од финалната селекција по категории ги оценуваше и наградуваше 12-члено жири составено од преставници на исто толку национални и локални радиостаници од различни региони во Македонија, чии имиња заради евентулни можни злоупотреби, лобирања или притисоци, се држат во тајност. Изведувачот чија песна ќе биде прогласена за апсолутен радиски хит на 2016 година добива парична награда од 72.000 денари. Изведувачот на песната која ќе добие најмногу лајкови од фановите на Фејсбук фан страницата на МАРС 20165 и како нивни избор ќе добие награда од 36.000 денари. И конечно наградата од 18.000 денари ќе ја понесе авторот на најдобар текст на една од финалните песни. Оваа награда традиционално ја избираат естрадните новинари од дневните весници, ест радните магазини и интернет портали во Македонија, изјави Антонио Димитриевски, проект-менаџер на фестивалот.

Сите останати добитници на наградите ќе добијат плус парична награда од 12.000 денари.

Наградите од МАРС-Старс програмата ќе ги добијат уште неколку домашни имиња.

Првата е специјално признание „Трајни вредности“ за особени заслуги во развојот, популаризацијата и афирмацијата на македонската музика во Македонија, која Македонскиот Радиски фестивал МАРС 2016 ја доделува на македонската музичка легенда, Џина Папас Џокси.

Втората од МАРС-Старс програмата, е наградата „Ѕвезда што се раѓа“ и неа ќе ја добие едно младо музичко име во Македонија кое имало најголем напредок во кариерата во тековната година – Елена Миленкоска.

Тука се уште наградите „Фестивалски асови“ за најнаградувана фестивалска песна, наградата за најдобра поп песна со фолк или етно мотиви, партнерство за хит … и сл.

Домаќини на осмото фестивалско издание на МАРС 2015 и овој пат ќе бидат две еминентни естрадно-новинарски имиња: Слободанка Илиева од Вистина.мк и Марина Костова од Република.мк.

Доколку забраната од ЗАМП за емитување во радио и ТВ етерот на домашна музика биде симната, односно престане да важи, МАРС 2016 како и до сега ќе оди со директен ТВ пренос проследен на МТВ1. Во спротивно, националниот сервис само ќе ја снима манифестацијата, а кога ќе се создадат услови и можности, истата одложно ќе ја емитува на своите програми. (Крај)

извор: Супер радио фото: архива