Markosa – Josephine (2020 Club Remake)

Written by on 9 јули 2020

Markosa е британско музичко дуо, познато на тамошната House, Disco и EDM сцена, составено од Mark и David, кои зад себе имаат големо искуство. Нивната приказна започнува на почетокот на 90-тите години од минатиот век кога David работи како DЈ за локална пиратска радио станица, а Mark на продукција на музиката на David Penn и Shapeshifters, но и експериментирал со електронската музика и тоа преку Commodore 64. За кратко време ќе бидат забележани од познати диџејски имиња како што се Roger Sanchez, David Penn, Sasha, Lost Frequencies, Claptone, Don Diablo, но и други, кои ќе ја вртат нивната музика. Денес на Супер радио како SUPERPLAY ја слушаме нивната најнова трака: Markosa – „Josephine (2020 Club Remake)“.

SuperPlay се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.


Continue reading

Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist