Jonas Blue & MAX – Naked

Written by on 13 јули 2020

Guy James Robin, познат како Jonas Blue, е популарен британски диџеј, композитор, изведувач, ремиксер и продуцент. Зад себе има еден компилациски албум („Blue“, 2018) и една екстендетплејка („Jonas Blue: Electronic Nature – The Mix 2017“, 2017). 2015-тата го добива првиот број 2 сингл на официјалната листа на најпродавани синглови во Велика Британија, а тоа е соработката со Dakota насловена како „Fast Car. Веќе следната година првата трака која ја издава во соработка со JP Cooper (Perfect Strangers) повторно се позиционира на втората позиција на оваа топ листа. Неговата најнова соработка е со познатиот американец MAX и денес на Супер радио ќе ја слушаме како SUPERPLAY: Jonas Blue & MAX – Naked“.

SuperPlay се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.


Continue reading

Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist