Ella Henderson – Take Care Of You

Written by on 13 јули 2020

„Take Care of You е насловот на новата песна на популарната британска пејачка и композитор Ella Handerson. Објавена како сингл на 12 јуни 2020, се позиционира на 55 позиција на листата на најпродавани синглови во Велика Британија. Како што ќе каже на едно интервју, песната е посветена на сите кои ги сака и почитува, а зборува и за потребата од грижа на самите себе си. Нејзината приказна започнува во 2012-тата и тоа благодарение на деветтата серија на музичкиот натпревар The X Factor, а може да се пофали за сега само со еден студиски албум („Chapter One“, 2014). Првиот сингл кој го издава годинава е најава и за вториот студиски албум, и токму таа трака денес на Супер радио ја слушаме како SUPERPLAY: Ella Henderson – „Take Care Of You“.

SuperPlay се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.


Continue reading

Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist