Paul Oakenfold X Luis Fonsi – The World Can Wait

Written by on 17 август 2020

Речиси и да нема некој кој не го знае британскиот продуцент и trance диџеј Paul Oakenfold. До сега три пати бил номиниран за Греми награди, а беше и најдобар диџеј во светот според DJ Magazine во 1998-мата и 1999-тата година. Има соработували со голем број врвни артисти како U2, Moby, Madonna, Britney Spears, Massive Attack, The Cure, а и со The Rolling Stones. Неговата најнова соработка е со познатиот порториканец Luis Fonsi и тоа за траката насловена како „The World Can Wait“. За неа е објавен и видео запис кој е посветен на оние кои деновиве се во првите редови – медицинските лица. Токму оваа тема на првиот работен ден од оваа недела на Супер радио ја слушаме како SUPERPLAY: Paul Oakenfold & Luis Fonsi – „The World Can Wait“.

SuperPlay се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.


Continue reading

Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist