Icona Pop – Feels In My Body

Written by on 27 август 2020

Icona Pop е шведско electropop дуо формирано во 2009-тата година и како што велат за себе создаваат музика „која може да те растажи, но и развесели во исто време“. Зад себе имаат само два студиски албуми, првиот издаден 2012-тата („Icona Pop“), а вториот две години подоцна („This is… Icona Pop“). На почетокот на годинава на радио станиците ширум светот се вртеше соработката со автралискиот диџеј, композитор и продуцент Hayden James, насловена како „Right Time“, а сега доаѓа вториот неалбумски сингл. Станува збор за трака чиј наслов е „Feels In My Body“. Токму неа денес на Супер радио ќе ја слишаме како SUPERPLAY: Icona Pop – „Feels In My Body“.

SuperPlay се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.


Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist