Анкета на АВМУ за третиот квартал на 2017: Супер радио убедливо на врвот!!!

Охрид, 16. октомври 2017 (Супер радио) – Со просечен дневен досег од 5,88% и неделен од 8,82%, Супер радио и во третиот квартал на 2017 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станци во вкупната гледаност во третиот квартал на 2017 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

anketaoktomvri1Супер радио беше на врвот во регионот и според мерењата од мај до јуни оваа година, како и во Годишниот извештај за 2016 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

anketaoktomvri2На прагот на 25-та година од постоењето, Супер радио останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ). Во склоп на групацијата работат и информативните портали OhridPress и Inpress. (Крај)

извор: Супер радио фото: ОхридПрес