Вести

Свечената академија по повод Денот на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски (ВО ЖИВО)

Охрид, 8. декември 2017 (Super radio) – Во дијамантската сала на хотелот „Инекс“ вечерва се одржува свечената академија по повод  Денот на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски.

Професор доктор Никола Бошале ќе го понесе највисокото општинско признание, наградата Патрон на градот – Св. Климент Охридски, додека Супер радио и проф. д-р Ангела Крстаноска – Василевска се добитници на Повелбата Патрон на градот – Св. Климент Охридски.

Со цел да се промовираат соодветно активностите во чест на празникот, од Општина Охрид обезбедија директен видео стрим од свечената Академија која се одржува во дијамантската сала на хотелот „Инекс“.
Со бројни настани и манифестации, општината и институциите кои го носат неговото име, изминативе денови достојно го одбележаа Денот на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски.

Активностите за чествување на патронот на Охрид ќе завршат утре, за кога е закажан хуманитарен музички хепенинг (рок-мобилизација во чест на Св. Климент Охридски), во организација на охридскиот Црвен Крст. Настанот е со почеток во 12:00 часот на Градскиот плоштад. (Крај)

извор: Super radio фото: Super radio