Вести

Анкета на АВМУ за четвртиот квартал на 2017: Супер радио останува убедливо на врвот

Охрид, 15. јануари 2018 (Super Radio) – Со просечен дневен досег од 7,35% и неделен од 13,24%, односно со пораст од близу 3%, Супер радио и во четвртиот квартал на 2017 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во четвртиот квартал на 2017 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

dneven4kvartal17nedelen4kvartal17Според посебната анкета за периодот на цела 2017-та година, Супер радио е убедливо на врвот во поширокиот регион и останува првиот избор кај слушателите.

januari18dnevenjanuari18nedelenСупер радио минатата година наполна 25 години и останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. Во склоп на групацијата работат и информативните портали OhridPress и Inpress. (Крај)

извор: Super Radio фото: Super Radio