За Нас

Супер радио ја започна својата приказна во далечната 1992 година, веднаш по осамостојувањето на Република Македонија.

Успеавме успешно да ги поминеме сите детски медиумски болести со кои се сретнуваа сите медиуми кои ја започнаа својата приказна некаде на почетокот на 90-тите години. Со огромното искуство стекнато низ годините, константното техничко и кадровско усовршување и унапредување, успеавме да се избориме, да ја заслужиме и да ја задржиме Вашата доверба и да прераснеме во еден респектабилен медиум кој секојдневно се обидува да ја претстави реалната слика за случувањата во Охрид до своите слушатели.

StaroStudio

првото студио кај „Охридска банка“

Супер радио низ годините растеше во техничка и кадровска смисла. Во моментов програмата ја емитува преку најсовремена предавателна техника на фреквенција од 97.00 Mhz на FM скалата од предавателниот пункт на „Гореничка Чука”, од која зрачат најголемиот дел од локалните и националните медиуми во регионот на Охрид и Струга. Од тој пункт програмата се следи со одличен квалитет на целата територија на општина Охрид, новоконституираните општини, односно општина Струга и сите новоконституирани општини во струшко како и делови од Кичево, Ресен и Дебар.

StaroStudio1

студиото кон средината на `90 години

Низ годините Супер радио ја препозна моќта и многу рано стана дел од интернет мрежата. Првата веб страна на Супер радио е поставена на 25-ти август 2001 година. Слушателите од целиот свет можат да уживаат во програмата на Супер радио во живо на Интернет од далечната 2002 година. Тогаш, на 10-ти август, точно во 10:30 минути наутро, првата песна која беше емитувана преку големата мрежа беше тогаш големиот хит за Mousse T – Fire.

Вестите и други информации, кои ги подготвува бројната екипа, може да се проследат и информативниот портал на станицата www.ohridpress.com.mkкој е посветен на актуелностите од Охрид и Струга, порталот www.inpress.com.mk, посветен на најсвежите настани од земјата и светот и секако и на веб-страницата на радиото www.superradio.com.mk, на која од неодамна слушателите преку директен видео линк следат како се создава програмата на радиото. Слушателите на радиото од целиот свет во живо преку аудио и видео го проследија и обидот за уривање на Гинисовиот рекорд за најдолга радио емисија кој се одржа од 04-07 ноември 2013 година, во чест на 20-тиот роденден на радиото.

ObidzaGinis

Сашо Митан и Жанко ЗШ Голабоски останаа зад микрофонот полни 74 часа и 51 минута

Супер радио денес е препознатливо, пред се, по модерниот радио израз, актуелната музика, вкусно избрана за постарата и помладата популација слушатели, но и по информативните содржини, што го прават еден од најцитираните медиуми во Западна Македонија. Според анкетата на Советот за радиодифузија на РМ од април 2013 година, Супер радио е убедливо најдобрата и најслушаната локална радио станица во Република Македонија.

SlikaAnketa

официјална анкета на СРД

Супер радио во моментов испорачува програма која ја создава врвна екипа од презентери, Дј-и, новинари, спикери и надворешни соработници кои остваруваат 24 часовна програма која е прилагодена кон идеалната публика и се остварува на најсовремена опрема што резултира со одличен, лесно препознатлив и моќен сигнал кој допира до слушателите. Главното ON AIR студио на Супер Радио се наоѓа во центарот на градот во сопствени простории од 30 метри квадратни каде се остварува комплетната програма.

9

Големо внимание посветуваме и на информативниот дел од нашата програма. До слушателите испорачуваме кратки локални вести во 07:00, 10:00, 12:00, 14:00, 15:15 и 19:00 часот. Вестите се 100 % од локален карактер и ги третираат само проблемите што ја засегаат заедницата. Информативната програма зрачи со сопствен и препознатлив стил на вестите кои се лесни за примање со што не се одделуваат до општиот впечаток за една модерна и динамична Радио станица.

7

Опремата на која се создава програмата е врвна, условите за работа – одлични. Но сепак опремата, условите или било што од материјален аспект не е она што Супер радио е навистина. Радиото успеа да го изгради својот препознатлив идентитет преку трудот и визијата на оние стотина млади луѓе кои изминативе години напишаа по некоја страница од нашата приказна. Супер радио се сите Тие, а особено овие 20-тина млади луѓе кои се сега во радиото и секојдневно создаваат динамична и атрактивна 24 часовна програма. Тие се она вистинското Супер радио и менаџерскиот тим токму ним им ја оддава комплетната заслуга. Годините поминуваат, се менуват многу работи но сепак….. Она што за нас ќе остане засекогаш е споменот на двајцата млади наши колеги и пријатели Дџ Пантер и Дџ Бруце кои за жал повеќе не се со Нас.

BrucePanter

Ви благодариме за довербата,

Ваше Супер радио!

 

info:

Super radio – Ohrid Macedonia

Country: Macedonia

City: Ohrid

Address: ul. Makedonski prosvetiteli b.b. Ohrid 6000

FM (MHz): 97.0

Genre: Pop/Retro/Electronic-Dance

Phone: +38946260078

Language of broadcast: Macedonian

E-mail: superradio@superradio.com.mk

Website: www.superradio.com.mk