Tamaro

tamaro logo

Ул. Asnom бр.21, 6000 Ohrid – Македонија

ТАМАРО

Е името на трговската фирма основана во далечната 1997 година, наречена по првите две букви на имињата на сопствениците Татјана и Роберто и нивната тогаш 7 годишна ќерка Марија (сега менаџер на најголемиот Тамаро 7 маркет).
Тамаро започна да работи во објект со површина од само 15 м2, за после една година да се прошири на 30 м2. Работи успешно, а по 3 години веќе се прошири на 60 м2. Купувачите уште тогаш го препознаа како „свој“ маркет и по две години повторно ја зголеми работната површина.
Успешно работи и следните 3 години, по што во 2005 година е отворен првиот простор за магацин на големо „А.М.“ Веќе следната година е отворен вториот Тамаро маркет во населбата Лескоец, Охрид, по што следуваше и Тамаро 3 во истата населба.
По две години успешна работа беше отворен Тамаро 4 маркетот во населбата Далјан, по кој семејството на Тамаро се прошири и со петтиот маркет на површина од 250 м2 лоциран на булеварот „Туристичка“ во 2012 година.
Во 2013 година ланецот маркети Тамаро го доби новиот член – шестиот маркет на 500 м2 со внатрешна бесплатна игротека во самиот маркет и надворешна игротека за најмладите. Истата година започна со своја техника на обучување на целиот персонал и сопствена организација на комплетното работење на маркетите.
Во 2014 година е отворен Тамаро 7 маркетот на корисна површина од 650 м2, со магацински простор од 430 м2. Во 2015-та година, маркетот е проширен за дополнителни 450 м2, односно сегашните 1.100 м2. Во маркетот работи и игротека за најмладите, а се продаваат и храна и додатоци за спортистите.
Идните планови на компанијата предвидуваат започнување на сопствено производство и зголемување на производите под брендот на Тамаро.
Ваши Тамаро маркети

http://tamaro.mk