Kam Marketi

Првата продавница на КАМ ги отвори вратите во далечната 1999 година, во приземјето на Градски Трговски Центар во центарот на Скопје – настан кој го означи почетокот на една приказна за успешен и брз развој.

До крајот на 2015 година, КАМ маркетите веќе станаа вообичаена глетка низ цела Македонија.

Експанзијата на КАМ во Македонија траеше во континуитет во изминатите 17 години и се претвори во еден од најголемите синџири од маркети за прехранбени и непрехранбени производи.

Денес во Македонија има 62 продавници на КАМ, во кои работат 600 вработени.