Анкета на АВМУ за вториот квартал на 2021: Супер радио останува убедливо број 1 медиум во регионот
Written by admin on 21 July 2021
Охрид, 15. јули 2021 (Super radio) – Со просечен дневен досег од 6,3% и неделен од 15,6% (во пораст од 0,2%), Супер радио и во вториот квартал на 2021 година останува водечки медиум во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.
Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во вториот квартал на 2021 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.
Супер радио годинава влегува во 29. година од постоењето и останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).
Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)
извор: Super radio фото: Super radio