Анкета на АВМУ за првиот квартал на 2021: Супер радио останува број 1 медиум во регионот

Written by on 29 јуни 2021

Охрид, 15. април 2021 (Супер радио) – Со просечен дневен досег од 7,7% (во пораст од 1,4%) и неделен од 15,4% (во пораст од 3%), Супер радио и во првиот квартал на 2021 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во првиот квартал на 2021 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

No photo description available.

Супер радио минатата година наполна 28 години и останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

No photo description available.

Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: Супер радио фото: Супер радио


Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist