Анкета на АВМУ за третиот квартал на 2021: Супер радио останува убедливо број 1 медиум во регионот

Written by on 28 November 2021

Охрид, 15. октомври 2021 – Со просечен дневен досег од 6,3% и неделен од 17,2% (во пораст од 1,6%), Супер радио и во третиот квартал на 2021 година останува водечки медиум во својот регион и еден од најпопуларните во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во третиот квартал на 2021 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

Супер радио годинава влегува во 29. година од постоењето и останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: Супер радио фото: Супер радио


Current track

Title

Artist

Background