Денеска стартува новата емисија со популарниот Wik Kakarotski на Супер радио

Written by on 1 јули 2021

Охрид, 1. јули 2021 (Супер радио) – Како дел од летната програмска шема на Супер радио „Охрид никогаш не звучел подобро, позитивна музика за позитивни луѓе“, од денеска стартува новата емисија со популарниот Wik Kakarotski.

– Ја оставаме короната зад нас, време е за лето, за насмевки и многу позитивна енергија за позитивните луѓе. Ќе имаме многу повеќе музика, програмата ќе биде порастеретена и прилагодена на комплетната летна шема. Тука се и бројните награди за нашите најдобри слушатели, ќе имаме заеднички проекти со дел од најголемите компании во државата, ќе излеземе надвор од студиото и ќе бидеме уште поблиску до Вас, потенцира Јане Стефанов, главниот и одговорен уредник на Супер радио.

Wik ветува многу насмевки и добра забава.

– Бараме помош од слушателите. Имавме неколку опции за име на емисијата и на крај стигнавме до две од кои денеска заедно ќе го одбереме најдоброто име во првата емисија. Ќе имаме уште едно супер лето, се слушаме на 97.00 FM или насекаде на интернет, вели младиот Wik Kakarotski кого го знаеме по неговите објави на социјалните мрежи, хуманитарни акции, протестите, видео спотовите, „часовите“ со најмладите…

Емисијата е поддржана од водечките локални маркети „Тамаро“ и Центарот за физикална терапија „Валео“. (Крај)

извор: Супер радио фото: Супер радио


Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist