Екипата на Супер радио со поддршка на лицата со Мултипла склероза

Written by on 30 May 2022

Охрид, 30. мај 2022 (Супер радио) – 30-ти мај во светски рамки се одбележува како интернационален ден на Мултипла склероза (МС), а екипата на Супер радио и овој пат со силна поддршка за лицата со оваа болест.

Жанко ЗШ Голебоски, уредникот Јане Стефанов, Реџеп Селман и Даниела Спасиќ од утринската екипа, денеска со посебно прилагодена програма, апелираа на кревање на гласот и зголемување на видливоста на лицата со оваа болест и проблемите со кои се соочуваат нивните семејства.

Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица. Настанува кога имуниот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ’рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователна дегенерација, што води до прекин на невротрансмисијата на сигналот од една нервна клетка до друга.

Симптоми на мултипла склероза: заматен вид, двојни слики, слабост и отежнато движење, нарушување на рамнотежата и вртоглавица, проблеми со говор и голтање, когнитивни и емотивни нарушувања и многу други.

Во Република Македонија боледуваат околу 1.500 лица додека во светот има повеќе од 2,8 милиони лица. Многу е веројатно дека стотици илјади лица остануваат недијагностицирани и многу животи се индиректно зафатени.

World Multiple Sclerosis Day 2020: Significance, meaning and importance - News Vibes of India - Latest News Update on Kashmir, Business and Energy

Повеќето лица со МС се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 година, и околу три пати почесто се дијагностицираат жени наспроти мажи.

Причината за МС сè уште не е позната и досега не постои лек, но постојат лекови кои можат да им помогнат на лицата со МС да ја стават болеста под контрола, а постојат многу опции за подобрување и управување со симптомите.

Мултипла склероза не е ретка болест, но педијатриските случаи на МС, кои ги имаме за жал и во Македонија, спаѓаат во ретки состојби.

Во рамките на четвртата сезона од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”, благодарение на добрата соработка со Национално здружение за МС – National association for MS ја обработивме Мултипла склерозата кај детската популација. (Крај)

извор: Супер радио фото: Супер радио


Current track

Title

Artist

Background