Мирно лето охридско: Plazma Lake Crusing и многу подароци со „Тамаро“ и Супер радио (Фото/Видео)

Written by on 19 September 2023

Охрид, 9. август 2023 (SUPER RADIO) – Убаво, сончево и топло време, лето, град полн со гости… Ако на ова ги додадеме и највкусните Plazma, Plazmix или Wellness производи, добивме совршен ден во преубавиот Охрид, надополнет со незаборавно крстарење по белото езеро.

Денешниот Plazma Lake Crusing беше само продолжение на успешната соработка со најголемите компании од државата и регионот повеќе од една деценија наназад со охридските „Тамаро“ маркети и водечкиот медиум во регионот, Супер радио, кои и ова лето нудат врвна забава, многу подароци и насмевки за сите. Заедно со Plazma и ова лето се дружиме со нашите пријатели од целиот свет во нашиот Охрид во уште едно „Слатко лето охридско со Plazma“.

– Топло лето, плажа, уживање, а што би можело да го направи тоа лето уште поубаво и уште послатко – па се разбира некој од највкусните Plazma, Plazmix или Wellness. Денеска уживавме со нашиот домаќин Атанас, кој ни приреди вистинско уживање и незаборавна прошетка по Охридското Езеро. На плажата кај „Извиднички центар“, позната како место каде редовно има многу од нашите најмлади пријатели, кое уживаат во некој од Plazma, Plazmix или Wellness производите. Преубав поглед кон вода кон преубавиот Охрид и најпозитивна дружба со нашите мали-големи другари, заедно со „Тамаро“, порача популарниот водител Жанко ЗШ Голабоски.

Ова лето, заедно со Plazma имаме подготвено навистина бројни и слатки изненадувања. Покрај денешниот Plazma Lake Crusing, тече и хуманитарната продажба на посебно подготвените Plazma колачиња кои се продаваат во „Тамаро“ маркетите, а сите средства ќе бидат наменети за децата со Ретки болести, најмладите Plazma кувари, Plazma чаршиска слаткарница и многу други интересни содржини.

Да уживаме заедно во уште едно неповторливо лето охридско 2023-то.

И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital marketing


Current track

Title

Artist

Background