Охриѓанецот Стојмир Србиноски дел од својата богата аудио колекција ја донираше на Супер радио (Фото)
Written by admin on 1 June 2022
Охрид, 1. јуни 2022 (Супер радио) – Охриѓанецот Стојмир Србиноски одлучи дел од својата богата колекција од аудио касети и CD-а да ја донира на Супер радио.
Србиноски е пензиониран правник, и важи за голем вљубеник во музиката.
Донацијата ја прими првиот човек на радиото, главниот уредник Јане Стефанов, кој се заблагодари за донацијата и порача дека ќе биде значаен дел од нашата фонотека.
западниот дел од „Музичкиот ѕид“ на Супер радио/Wall Of Sound
Супер радио годинава ќе го прослави 30-тиот роденден. Годиниве наназад прерасна во вистински глас на заедницата, со комплетна информативна, забавна, спортска и образовна програма, како и расадник за медиумски кадар, кој сега работи во најголемите и најзначајните редакции во земјата и светот. Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)
извор: Супер радио фото: Супер радио