Со искачување на Вихрен ќе бидат заокружени активностите на Жанко ЗШ Голабоски и екипата на Супер радио за поддршка на лицата со мултипла склероза

Written by on 28 September 2023

Охрид, 28. септември 2023 (Super Radio) – И овој септември, комплетната екипа на охридското Супер радио и активистот Жанко ЗШ Голабоски со силна поддршка за лицата со Мултипла склероза (МС).

Веќе петта година по ред, во месецот посветен на лицата со МС, Супер радио и јас имавме многу акции, искачивме многу врвови, потенцира Голабоски.

– Почнавме од Кораб, продолживме со Магаро, Црн Камен на Јабланица, Лако Сигној на Галичица, имавме планинарски марш од 20-на километри со ученици од Гимназија, имавме крводарителска акција, а целиот настан сакавме да го завршиме со искачување на Вихрен во соседна Бугарија. Продолжуваме…Ме прашуваат зошто толку поддршка, активности, дали имате некој во фамилијата со МС? Не, немаме, имам другарка во Скопје со МС и така се сетив во септември да почнме акции, да искачуваме врвови под мотото „Чекориме за лицата со МС“, истакна Голабоски.

Најави дека не само во септември, туку дека поддршка од нас ќе има и во текот на целата година.

Супер радио минатата година беше дел од екипата која го адаптираше видеото „Мојата мајка има МС“ на македонски и албански јазик за предизвиците и справувањето со МС. Во рамки на четвртата сезона од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”, благодарение на добрата соработка со Национално здружение за МС – National association for MS ја обработивме Мултипла склерозата кај детската популација.

Инаку Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза четврта година по ред ја спроведува кампањата Септември – месец за подигнување на свеста за мултипла склероза.

Оваа кампања има за цел преку физичката активност (пешачење, искачување планини, возење велосипед и други активности) да ги анимира лицата со МС и нашите поддржувачи за да се подигне свеста за МС, односно пошироката популација да се запознае со оваа состојба, како и со потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата кои боледуваат од МС. (Крај)

извор: Super Radio фото/видео: Super Radio


Current track

Title

Artist

Background