Супер радио меѓу одбраните радио станици во регионот кои денеска во исто време ќе го емитуваат најновиот сингл на Парни ваљак, песната „Поново“
Written by admin on 27 January 2022
Охрид, 27. јануари 2022 (Супер радио) – Продолжуваат активностите во регионот на целиот Балкан за оддавање на последна почит на неповторливиот вокалист на групата Парни ваљак, Аки Рахимовски.
Супер радио е меѓу одбраните радио станици во регионот кои во исто време ќе го емитуваат последениот, необјавен сингл на групата, песната „Поново“.
– Песната ќе се емитува во исто време, денеска, точно во 15:00 часот. Да му оддадеме должна почит на Аки. Легендите живеат вечно, потенцираат од Супер радио.
Синглот „Поново“, кој е авторско дело на Хусеин Хасанефендиќ- Хус, требаше да претставува најава за новиот албум на Парни ваљак, и за нивната скорешна голема турнеја.
Croatia Records и Парни ваљак во спомен на Аки ја покренаа иницијативата преку која, на посебен начин, се простуваат од неповторливиот пејач. Повеќе од 150 регионални радио-станици во исто време, денеска, ќе го емитуваат синглот, и на тој начин, ќе му оддадат почест на музичкиот великан. (Крај)
извор: Супер радио фото: архива