Супер радио ја најавува летната програмска шема: Охрид никогаш не звучел подобро, позитивна музика за позитивни луѓе

Written by on 29 јуни 2021

Охрид, 14. јуни 2021 (Супер радио) – Охрид никогаш не звучел подобро, позитивна музика за позитивни луѓе.

Под овој слоган, охридското Супер радио, со години највлијателниот медиум во поширокиот регион, полека ја стартува летната програмска шема.

– Ја оставаме короната зад нас, време е за лето, за насмевки и многу позитивна енергија за позитивните луѓе. Ќе имаме многу повеќе музика, програмата ќе биде порастеретена и прилагодена на комплетната летна шема која стартува наскоро. Тука се и бројните награди за нашите најдобри слушатели, ќе имаме заеднички проекти со дел од најголемите компании во државата, ќе излеземе надвор од студиото и ќе бидеме уште поблиску до Вас, потенцира Јане Стефанов, главниот и одговорен уредник на Супер радио.

Секако тука се и проверените информации од Охрид и околината, кои се однесуваат на локалната заедница. Заедно со информативните портали OhridPress и Inpress, Супер радио останува број 1 медиум во овој дел на државата, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: Супер радио фото: Супер радио


Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist