Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во посета на Супер радио (Фото)

Written by on 5 October 2023

Охрид, 5. октомври 2022 (Super radio) – Ученици од четврта година при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид денеска беа во посета на Супер радио.

Учениците водени од професорот Никола Јованоски, практично се запознаа со она што го учат во школските клупи. Овојпат акцент беше ставен на аудио продукцијата, снимање на радио сегменти и програмите што при тоа се користат.

Од страна на уредникот Јане Стефанов и техничкиот реализатор Реџеп Селман на учениците им беше објаснат начинот на снимање и обработка на емисии, реклами и други информативни содржини, па сé до нивно емитување во етерот.

На овој начин стекнатите знаења на предавањата ќе се врежат во меморијата и на учениците и ќе им бидат од голема полза во нивните идни работни задачи и ангажмани. (Крај)

извор: Super radio фото: Super radio


Current track

Title

Artist

Background