Жанко ЗШ Голабоски на Денот на планетата: Плането Земјо, застани, сакам да слезам!!!

Written by on 22 April 2024

Охрид, 22. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Плането Земјо, застани, сакам да слезам!!! Со оваа порака, познатиот охридски радио водител од Супер радио го одбележа денешниот, Ден на планетата Земја.

– Да не фрламе ѓубре насекаде, да ја заштитиме околината за да имаме што да им оставиме на нашите наследници, порача Жанко кој важи за голем вљубеник во планината, велосипедизмот и воопшто здравиот и позитиевн начин на живот.

Тој носеше и гас маска за да посочи на се’ позагадениот воздух кој го дишеме секојдневно.

Секоја година во април милиони луѓе ширум светот го одбележуваат Денот на планетата Земја. Додека секој од нас не може да делува глобално, дури и најмалиот локален напор да се промени нешто ќе се почувствува и ќе влијае на зачувување на Земјата. Граѓаните кон оваа акција за подобра, почиста и поздрава планета можат да се приклучат купувајќи паметно со рециклирање и постојано едукација. Тие се советуваат секогаш со себе да носат торба за пазарење наместо да купуваат ново ќесе, да избегнуваат производи чија амбалажа е составена од премногу пластика и најлонски обвивки за да се намалите количеството на отпад кое го создавате, да го купуваат она што им е потребно.

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22-ри април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави. Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес


Current track

Title

Artist

Background