16 години „Охриде не бери гајле“ на Супер радио
Written by admin on 29 June 2021
Охрид, 16. мај 2021 (Супер радио) – Емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио веќе полни 16 години е верен утрински пријател на охриѓани, стружани, но и на сите кои го слушаат Супер радио насекаде низ светот на интернет.
Жанко Зш Голабоски и неговата техничка екипа секое утро им посакуваат добро утро на најдобрите слушатели на најслушаната локална радиостаница во овој дел на Република Македонија, охридското Супер радио и им ја нуди најдобрата музика, спорт, вести, проверени информации и многу забава.
– Целта ни е да им започне позитивно денот на сите наши слушатели. Овие 16 години кои се зад нас имавме многу спонзори и помагатели, направивме многу хуманитарни, еколошки и спортски акции и планираме да продолжиме уште многу години со исто темпо, вели Жанко.
Супер радио останува водечки медиум во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Со просечен дневен досег од 7,7% и неделен од 15,4%, Супер радио и во првиот квартал на 2021 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија. Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во првиот квартал од 2020 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.
Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)
извор: Супер радио фото: Супер радио