29 години Супер радио

Written by on 28 November 2021

Охрид, 7. ноември 2021 – Супер радио еден од најстарите приватни електронски медиуми во Република Македонија, денес го прославува 29-тиот роденден.

Приказната започна во ноември 1992 година, веднаш по осамостојувањето на Република Македонија. Со неа растеше и се развиваше, со неа ги помина сите детски болести, со неа стигна до 29. година од постоењето.

Медиумот има активна програма со комплетна информативна забавна спортска и културно образовна програма. Супер радио веќе подолго време е препознатливо во регионот и во маркетиншкиот и продукцискиот дел.

Според сите анкети на АВМУ, Супер радио веќе деветта година е убедливо најдобрата, најслушана и највлијателната локална радио станица во Република Македонија.

Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: Super radio фото: Super radio


Current track

Title

Artist

Background