13 години „Охриде не бери гајле“ на Супер радио

Written by on May 16, 2018

Охрид, 16. мај 2018 (Super Radio) – Полни 13 години емисијата „Охриде не бери гајле“ е верен утрински пријател на охриѓани, стружани, но и на сите кои го слушаат Супер радио насекаде низ светот на интернет.

Стандардната екипа составена од Жанко Зш Голабоски и Тони Ангелески – ДЏ Џомба, заедно со остатокот од утринската екипа Даниела и Реџо се тимот што годиниве наназад им посакува добро утро на слушателите на најслушаната локална радиостаница во Македонија, охридското Супер радио и им ја нуди најдобрата музика.

– Полни 13 години не бериме гајле сите заедно на Супер радио. Секој работен ден имаме супер позитивно утринско дружење со многу забава добра музика и позитивна мисла. Целта секогаш ни е позитивно да им почне денот на сите наши слушатели. Овие 13 години кои се зад нас имавме многу спонзори и помагатели, направивме многу хуманитарни, еколошки и спортски акции и планираме да продолжиме уште многу години со исто темпо, вели Жанко.

За техничкиот облик на емисијата „Охриде не бери гајле“ е задолжен Тони Џомба. Тој открива дека секојдневно комуницираат со слушателите ширум светот, благодарение на интернетот.

zanko13godini2На прагот на 26-та година од постоењето, Супер радио останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Со просечен дневен досег од 8,82% и неделен од 13,24%, односно со зголемување од 1,32%, Супер радио и во првиот квартал од 2018 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија. Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во првиот квартал од 2018 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија. (Крај)

извор: Super Radio  фото: Super Radio


Super Radio Ohrid

Current track
TITLE
ARTIST

Background