Анкета на АВМУ за вториот квартал на 2019: Супер радио останува убедливо на врвот

Written by on 15 јули 2019

Охрид, 15. јули 2019 – Со просечен дневен досег од 10,94% и неделен од 11,94%, Супер радио и во вториот квартал од 2019 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во вториот квартал од 2019 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

Супер радио во пресрет на 27. роденден останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. Во склоп на групацијата работат и информативните портали OhridPress и Inpress. (Крај)

извор: Super Radio фото: Super Radio


Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist