Анкета на АВМУ за третиот квартал на 2018: Супер радио со раст од над 5% останува убедливо на врвот

Written by on October 21, 2018

Охрид, 16. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со просечен дневен досег од 8,82% и неделен од 19,12%, односно со зголемување од над 5% во однос на претходната анкета, Супер радио и во третиот квартал од 2018 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во третиот квартал од 2018 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

anketaokt2018nedelenубедливо на врвот и во третиот квартал, неделен опсег од 19,12% со раст од над 5%

Супер радио за помалку од еден месец ќе го прослави 26-тиот роденден и останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

anketaokt2018dnevenПотврда за успешната работа на радио станицата дојде и од граѓаните и целокупната локална заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


Super Radio Ohrid

Current track
TITLE
ARTIST

Background