Анкета на АВМУ: Супер радио број 1 и во 4-тиот квартал и останува на врвот и на годишната анкета за 2018 година

Written by on January 24, 2019

Охрид, 15. јануари 2019 (Super Radio) – Со просечен дневен досег од 7,35% и неделен од 13,24%, Супер радио и во четвртиот квартал од 2018 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната слушаност и гледаност во четвртиот квартал од 2018 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

No photo description available.

убедливо на врвот и во четвртиот квартал, со неделен опсег од 13,24%

Image may contain: text

дневен досег во четвртиот квартал од 7,35%

Водечкиот медиум во Охрид е на врвот и на годишната анкета, каде со просечен дневен досег од 8,09% и неделен од 15,08% е обедливо на врвот по слушаноста и довербата кај граѓаните.

No photo description available.

на врвот и според годишната анкета за 2018 година, со просечен неделен досег од 15,08%

Image may contain: text

просечен годишен дневен досег од 08,09%

– Зад нас оставаме уште една година во која многу работевме, внесувавме свежина во домовите на охриѓани, но и насекаде ширум светот каде не слушаат преку интернет мрежата. Минатата година ја започнавме со финализирањето на проектот „Охрид во 10“, кој подоцна го издадовме и како книга. Стартуваа дигиталните канали како потврда на заложбата 2018-та да биде година на комплетна дигитализација на радиото, се изработија нови сајтови на информативните портали, официјалната страна на Супер радио доби нов и модерен дизајн, а со видео материјалите кои секојдневно се изработуваат, дигиталната платформа на Супер радио полека ги добива предвидените рамки, процес кој треба да продолжи и во новата 2019-та година. Успеавме да ја одржиме лидерската позиција во својот сегмент веќе полни шест години, што е исклучителен успех за нас, вели Јане Стефанов, главен и одговорен уредник на Супер радио, кој за новата 2019-та година најавува уште интересни проекти.

Супер радио на 7-ми ноември минатата година го прослави 26-тиот роденден и останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од граѓаните и целокупната локална заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: Super Radio фото: Super Radio


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


Super Radio Ohrid

Current track
TITLE
ARTIST

Background