Од денес „Охрид во ЖИВО со Жанко ЗШ“ на Супер радио

Written by on May 8, 2019

Охрид, 6. мај 2019 (Super Radio) – Како дел од подготовките за новата, летна програмска шема на медиумот со најголема доверба во овој дел на државата, Супер радио од денес започна со нов програмски појас, „Охрид во ЖИВО со Жанко ЗШ“.

Во рамките на емисијата „Охриде не бери гајле“, водителот Жанко ЗШ Голабоски и Dj Тони Џомба продолжуваат да внесуваат свежина во домовите и на работните места на охриѓани, стружани, но и секаде низ државата и светот каде се слуша Супер радио преку големата мрежа, на www.superradio.com.mk.

Охрид во ЖИВО кај нашите пријатели од Такси Мерцедес

Охрид во ЖИВО кај нашите пријатели од Такси Мерцедес

– Основната идеја е да бидеме онаму каде што се случувањата. Првиот дел од емисијата од 08:00 до 09:00 часот го работиме од студио, а вториот, од 09:00 до 10:00 часот излегуваме на терен, онаму каде што се случувањата и најинтересните настани кои ќе се случуваат во градот. Тука секако ќе биде и нашиот СУПЕР Велосипед со кого ќе се движиме низ Охрид и ќе информираме за се` што ќе се случува. Ќе се дружиме со нашите поддржувачи и спонзори, со забавните, музичките, спортските и сите други настани кои треба да се промовираат и да се сврти вниманието на јавноста врз нив. Ќе имаме директни вклучувања во програма, ќе се фотографираме, ќе снимаме заеднички видеа кои ќе ги објавуваме на нашиот официјален профил на Facebook и секако на OhridPress, а наскоро и ќе се наградуваме, вели Голабоски.

Со просечен дневен досег од 9,38% и неделен од 17,19%, Супер радио и во првиот квартал од 2019 година останува водечки медиум во својот регион и еден од најрелевантните во државата. Ја трошиме 27-та година од постоењето и остануваме еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од граѓаните и целокупната локална заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


Super Radio Ohrid

Current track
TITLE
ARTIST

Background