Анкета на АВМУ за четвртиот квартал на 2019: Супер радио останува убедливо на врвот

Written by on 15 јануари 2020

Охрид, 15. јануари 2020 (Супер радио) – Со просечен дневен досег од 8,96% (во пораст од скоро 2%) и неделен од 13,43%, Супер радио и во четвртиот квартал на 2019 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во четвртиот квартал на 2019 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

Image may contain: text

Image may contain: text

Според посебната анкета за периодот на цела 2019-та година, Супер радио е убедливо на врвот во поширокиот регион и останува првиот избор кај слушателите. Просечниот дневен опсег на годишно ниво за 2019-та година е 9,56%, а неделниот 14,38%.

No photo description available.

No photo description available.

Супер радио минатата година наполна 27 години и останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: Супер радио фото: Супер радио


Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist